|
ПОМНИ Преродба
и
Обединување
на
Македонските
Национални
Идеали Октомври
18, 2009 До
Македонската
и Светската
Јавност ЈАВНО
ОБРАЌАЊЕ Во
врска со
најновите
настани
околу
донесувањето
потезите на
Собранието
и Владата, во
врска со
кршењето на
Уставот на
Република
Македонија (член
74), како и
чинот на
велепредавство
на
националните
интереси на
државата,
Извршниот
Совет како и
Иселеничкиот
Совет на
ПОМНИ одржаа
свои итни
вонредни
состаноци.
Во однос со
гореспомнатото
го донесоа
следново
обраќање до
Македонската
и
светската
јавност. 1.
Да
се испрати
апел до сите
партии во
Македонија
од
позицијата
и од
опозицијата
за нивно
здружено
барање до
Уставниот
Суд на
Република
Македонија
за
поништување
на одлуката
на
Собранието
за размена
на
територија
со
Република
Косово
и на
таквиот
начин
воспоставување
на
дипломатски
односи со
тој северен
сосед на
Македонија. 2.
Да
се испрати
Барање до
СМК за
покренување
постапка
пред
Уставниот
Суд за
поништување
на
спомнатите
одлуки на
Собранието
на
Република
Македонија. 3.
Да
се испрати
официјално
писмо до
Генералниот
Секретар на
ООН Бан
Ки Мун. 4.
Да
се испрати
повик за
организиран
отпор на
Македонскиот
народ со
сите
средства
против
насилно
менување на
границите
на државата. 5.
Да
се испрати
повик за
координиран
настап на
организациите
од
Македонската
Дијаспора
во врска со
спротивставувањето
на
погорната
одлука на
Собранието,
а исто така
ставање во
контекст на
одбрана на
Уставното
име Република
Македонија
како и
сувереноста
на државата
и
слободната
воља на
нејзините
граѓани
независно
дали се во
Републиката
или пак
надвор од
неа низ
Дијаспората. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Уште
една мрачна
страница во
историјата
на
Македонија
отсликана
во
нејзините
зелени
политичари
и недоветни
лидери кои
што лесно,
без
двоумење,
разменуваат
стратеши
коти за
одбраната
на
Македонија
што биле
скапо
платени со
крв уште од
пред
времето на
Филип и
Александар
Македонски
па до
денешни
денови. Потпишувањето
на договор
за размена
на
територија
што се
одсликува
во губење
на
стратешка
точка од
непроценливо
национално
значење за
Македонија,
кота на
која што во 2001
та година
почна токму
и
терористичката
инвазија
од
протекторатот
на
ООН Косово е
еднакво на
капитулација,
национално
велепредавство
и национален
срам за сите
Македонци
каде и да се
на
земјината
топка. Инсталирањето
на НАТО и
неговите
хегемони на
македонска
земја
продолжува
со бесрамни
измами и
принуди
својствени
во времето
на Куба
1901-та, но
нелогични и
неприфатливи
по ниту еден
основ во
дваесет и
првиот век. На
домашните
петоколонаши
конечно
им беше
испорачана
сметката за
нивното
понатамошно
вледеење - да
продадат
најстратешки
дел за
одбраната
на
Македонија
од Север, што
е филувано
со т.н.
размена
или
отстапување
на
територија
од Косово
во беспаќе
кое што и без
тоа до 1960-тите административно
беше дел
од Народна
Република
Македонија,
а што беше
лично
сведочено
дури и во САД
од актери
Светозар
Вукмановиќ
Темпо, еден
од актерите
кој со Лазар
Колишевски
договарал
префрлање
административни
територии
од
Македонија
врз
администрација
на
Југословенската
Федерација.
Ова беше
сведочено
јавно преку
американско
радио и
пред
македонскиот
аудиториум
во САД на
радио
брановите
на „
Македонски
Глас„-
Детроит
во
директен
телефонски
разговор
уште при
одвојувањето
на
Република
Македонија
од СФРЈ. Сега
уште еднаш,
конечно
беше
покажано
вистинското
лице на
надворешните
т.н.
пријатели и
домашните
предавници, кои
без страв,
страм и
дрско
посегнаа по
македонска
територија.
Треба да
знаат сите
дека нашиот
одговор ќе
биде
безмилосен
и со сите
расположиви
средства. За
разлика од 1913
кога ја
черечеле и
кога
Македонија
не била
фактор во
кроењето на
својата
инина, денес
после
речиси сто
години
улогите се
сменети и
погорното
поведение е
недозволиво. Македонија
беше дел
од
победничката
антифашистичка
коалиција и
активен
учесник во
војната
против
тероризмот,
Македонија
е и активен
миротворец
во светот.
Денес кога
не
живееме во
време на
пушка
кременица
или
Малинхера,
на јатагани
и делкани
колци
ами во
атомско
време, кога
наместо
армии
војните ги
водат
терористи и
софистицирани
оружја
преку кои
дури и мали
инаку бројно
незначајни
групи
вооружени
со оружје од
арсеналите
за
специјалната
војна можат
да нанесат
непроценлива
штета на
целото
човештво,
мора да
потсетиме
дека не смее
да се
дозволи
насилно
менување
ниту на една
педа од
границите
без вољата
на целиот
Македонски
Народ, токму
и затоа што
народ а не
политичари
платеници
прави
држава,
народ а не
политичари
марионети
брани
држава и
територија,
затоа што
народот
и неговите
патриоти ја
бранат
државата
од
самоволието
на
корумпираната
власт и
политичари. Денес
и покрај
сите
сознанија
за
наркотероризмот
од Косово, за
сите
сознанија
за
терористичката
инвазија на
македонска
територија
од
протекторатот
Косово, како
и за сите
нелегални,
криминални
и
терористички
мрежи и
нивни
припадници
кои што
слободно се
шетаат низ
Косово и
Метохија
ние сме
сведоци
дека НАТО
и неговите
хегемони се
повеке
склони со
сила да ја
прошируваат
територијата
на Косово со
стратешки
коти и бази,
отколку да
ја
поддржуваат
демократијата
и слободата
на народот
во
Македонија
кој што беше
и е нивен
доброволен
сојузник,
беше
сојузник на
антитерористичката
коалиција,
бил
сојузник во
анти
фашистичката
коалиција и
секогаш е на
страната на
правдата и
вистината.
Оксиморон
е кога во име
на
демократија
повторно се
прави обид
за силување
на
демократијата,
слободата и
суверенитетот
на
Македонија
и
слободната
воља на
нејзиниот
народ. Се
чини дека
терористичкиот
начин на
уредување
на работите
во Косово,
како и
насилните
методи во
постигнување
на
стратешките
цели им е
поблисок на
нашите
пријетели
од САД,
одколку што
им е блиска
нашата
слобода,
демократија
и
слободната
воља на
нашиот
народ. Не е ли
тоа
дволичност
и лицемерие? Зарем
не беа токму
тие кои
толку
гласно се
залагаа за
тоа кога во
прашање беа
нашите
северни
соседи и
нивните
наводно
загрозени
малцински
права,нивната
слободна
воља и
наводно
загрозени
права? Зарем не
беше тоа
истата лага
што со не
помал успех
беше
продавана
преку
пропагандата
и за
оправдување
на
терористичките
делувања од
надвор и
одвнатре
дури и во
самата
Република
Македонија
од 2001-та
наваму? Гледајќи
ги однапред
спреманите
репортажи
од Луково
Поле,
однапред
спремените
и експресно
испорачани
изјави на
претставниците
на САД и ЕУ во
Македонија
во кои се
охрабруваат
актерите на
велепредавничкиот
чин,
експресните
изјави од
Стејт
Департментот
на САД како и
другите
медиумски
соопштенија...заедно
со донесувањето
одлука без
двотретинско
мнозинство
и спротивна
со
одредбите
на Уставот (Член
74) и без
референдум...познавајќи
ги сите
придружни
факти и т.н.
фактори што
влијаат врз
овој процес
ние само
може да
заклучиме
дека сето
тоа е дел од
Заговор-
конспирација
против
Македонија
и
Македонскиот
народ. Тоа е
доволен
знак за наша
сеопшта
мобилизација
за одбрана
на тоа што е
поскапо и од
нашите
овоземни
животи, што
ни е
најсвето и
што е
платено со
реки
македонска
крв - тоа е
нашата
Македонија,
нашето име,
идентитет,
културно
наследство
и
достоинство.
Сега имаме и
обврска но и
шанса да ги
издигнеме
нашето
лично
постоење на
историско
ниво и
сериозност
со која што
би се
гордееле
сите наши
предци кои
што ги дале
своите
животи за
ние да ја
имаме денес
Македонија,
но и да ја
имаме и утре
и во сите
идни
времиња. Со
право се
прашуваме:
Каде е
твојот гнев
Македонијо? НАТО
(а во основа
неговите
хегемони ) ја
претставуваат
Америка, (наместо
да ја
претставуваат
Европа) како
курва која
што само е
заинтересирана
по секоја
цена да го
добие тоа
што го
наумила,
додека се
задскрива
зад
обвинувањето
на другата. Се
шири
субверзивниот
антиамериканизам
и
евроболшевизам
додека онаа
што беше
одговорна
за делбата
на
Македонија
1913, сака да го
уништи
чедото кое
што се уште е
живо. Заговорот
против
Македонија
и
Македонците
според сите
критериуми
за
употребата
на тој збор
за
квалификацијата
на
заговорот е
повеќе од
очебијна, а
самиот
збор ќе биде
во сите идни
обвиненија
против
виновниците
и нивните
сојузници
за
споменатото
дело. Отаде
Групчин
ни се
наметнува
како
концепт за
цементирање
на
етничкото
чистење и
геноцидот
врз
Македонците
во рамките
на
сопствената
држава, како
да сме
небаре во
времето на
Џеронимо, а
не како да
сме
Македонци
кои живеат
на сите
меридијани
од
земјината
топка, како
да не сме дел
од народот
кој што го
просвети
светот, како
да не сме
потомци во
чии што вени
тече
македонска
крв како и на
нашите
славни
предци
Филип и
Александар
Македонски. Сите
оние кои што
се дел од
заговорот
против
Македонија
и
Македонците
забораваат
дека и
покрај сите
притисоци и
валкани
игри што беа
употребени,
некои
работи
едноставно
не се за
продажба и
се поголеми
и од нас
самите, се
дел од
нашиот
идентитет и
за кои човек
вреди да се
бори а ако
треба и да го
даде својот
живот. Забораваат
сите тие
дека и
помеѓу
петокраките
има разлика.
Иако се тие
исти по
форма,
едната е на
Шарскиот
партизански
одред што се
бореше
против
Балисти и
качаци и
други
фашисти,
другата на
Че Гевара и
Кастро,
третата на
Грбот на
Република
Македонија.
Оние
петокраки
од знамето
на СР
Македонија
и оние
од знамето
на САД, оние
од капата на
борците
против
Фашизмот,
оние од
знамето на
ЕУ или
пак од
реверите и
палетите
на
генералите...и
оние
петокраки
во срцето на
сите
слободољубиви
луѓе во
светот кои
во завет го
дале својот
живот
колкава е
разликата
помеѓу нив е
напишано со
безбројни
човечки
жртви. „И
сонцето е
ѕвезда“- но
да не
забораваме
дека и
петокраката
го
осветлуваше
патот кон
правдата и
слободата и
со неа на
чело гинеа
оние кои што
ја
ослободија
и Кодра
Фура но и
Луковото
Поле, и Јуник
и Прохор
Пчински... Не
смееме
и нема да
дозволиме
да им се
валкаат
гробовите и
да им се
брише од
историјата
нивната
најскапа
жртва
заедно со
жртвите од
оние кои што
ја бранеа
Македонија
од
терористичката
инвазија во
2001-та. Концептот
„Отаде
Групчин“
се покажа
само дел од
поширокиот
контекст на
мат
позиција во
која сакаат
да го стават
Македонецот
во својата
држава и тоа
од страна на
сопствената
власт. Тој
концепт со
кој што се
цементираат
со
злосторстава
етнички
исчистени
теротории
од
Македонија
не можеме, не
смееме и
никогаш
нема да го
прифатиме! Ние
се
оградуваме
од одстапување
на Криволак
и „Гризли“ на
Кодра Фура,
од
откажувањето
на стражарниците
од
северната
порта на
Македонија.
Нема
разлика
меѓу ова
денес и она
од времето
кога
Колишевски
ги одстапил
административно
Прохор
Пчински на
Федерацијата
Југославија
заедно со
Горанците
во
Метохија (за
до ден денес
да не ги
добиеме
никогаш
назад). Нема
разлика
помеѓу тоа
од 1945-тата и
ова што
денес го
прави ДПМНЕ
заедно со
признавањето
на Владата и
на
медиумите
дека ова е
под
притисок на
„надворешните
фактори“ кои
тогаш биле
одсликани
во „Југословенската
Федерација“.
Погорната
одлука на
Собранието
на РМ претставува
предавнички
акт, донесен
во минута до
дванаесет
ноќе, набрзина
воспоставување
на
дипоматски
односи со
Косово
проследено
со
експресно
поздравување
од т.н.
надворешни
фактори.
Дали е
консултирана
војската,
одбраната,
дали е
земено во
вид какви се
последици
по
одбраната
на
Македонија
може да има
одстапување
на
стратешките
одбрамбени
коти на
Северната
Порта на
Македонија? Да
прашаме
каде и како
ќе се брани
Македонија
утре, колку
човечки
жртви тоа
може да ја
чини
Македонија
во некоја
нова војна,
во некој нов
Карпалак,
некое ново
Вејце,
Танушевци...?
Дали ќе
можат
денешните
политичари
кои вршат
велепредавство
да ја носат
одговорноста
тогаш кога
ќе се гине и
лее крв ( како
што се
гинеше и
како што се
лееше крв) на
тие
планински
коти и
планински
бази? Мислат
ли тие дека
ќе можат и
тогаш
набрзина во
минута до
дванаесет
набрзина
да се
ослободат
од
неистомислениците,
да ги
менуваат
генералите,
да ги
пензионираат
војниците,
да ги
распуштаат
единиците
чија што
единствена
задача и
мисија е да
ја бранат
Македонија
и нејзиниот
народ од
надворешни
и внатрешни
непријатели? Да
не
забораваме
дека со
генерации
наназад
спомнатите
коти за кои
што се
пишува по
весниците
како за
„...сто и
педесет
метри
одстапување...“
, дека тоа
биле
стратешки
точки на
Македонските
одреди уште
од времето
во Македонија
на Филип и
Алексадар,
подоцна и
од времето
на
Римјаните, а
се и до ден
денес. Зар не
е тоа повеќе
од очебијно
што дури и
најголемите
сили на
светот
се фатиле
токму за
истите
точки? Нашиот
отпор,
отпорот на
Македонците
и на
Македонија (која
што
политичарите
според тоа
што го
покажаа не
ја
застапуваат)
ќе биде со
сите
средства!
Овојпат
нема да има
амнестија
за никој. Оваа
одлука на
Собранието
мораме да ја
ставиме и во
контекст на
наводното
зачленување
на
Република
Македонија
во НАТО и ЕУ
како и
инсценираните
измислени
проблеми и
расправии
околу името
на
Република
Македонија
за кое што
менување со
специјална
психолошка
војна од ден
на ден го
спремаат
нашиот
напатен
Македонски
народ, а
притоа
држејќи ја
Дијаспората
надвор од
сите
равенки за
сегашноста
и иднината
на
Македонија.
Тоа е уште
еден голем
доказ
против
заговорениците
кои што се
намериле да
и нанесат
уште еден
смртоносен
удар на
Македонија. Бараме
од
Светскиот
Македонски
Конгрес
да покрене
иницијатива
до
Уставниот
Суд за
поништување
на
решението
на
Собранието
за
размената
на
територија
со Косово,
како и други
акции кои
може да
бидат од
полза на тој
процес
пред
Уставниот
Суд. Ги
повикуваме
Македонците
да му се
придружат
на СМК во
неговите
напори да го
брани
Уставот и
територијата
на
Македонија
до
нејзината
последна
педа. Се
прашуваме
нели е оваа
размена на
територии и
полноќно
набрзина и
под
притисок
признавање
на Косово
проследено
со
експресни
реакции од
најголемите
досегашни
манипуланти
со
судбината
на
Македонците
и на
Македонија
како нивна
држава, уште
еден метод да
се тестира
крајното
трпение на
Македонскиот
Народ? Се
што гледаме
во
последните
речиси
десет
години ( а и
порано
повеќе од
70 години) е
јасно
препознатливо
во
контекстот
на
создавање
на Голема
Албанија
која се кити
и
надополнува
како
невеста од ден
во ден со
сите
атрибути на
силен и
стабилен
воен
сојузник за
која било
надворешна
воена сила
на Балканот
за сметка на
сите
нејзини
соседи.
Очигледно е
дека тоа е во
режија на
НАТО и на неговите
хегемони на
Балканот, но
да не
забораваме
дека се
работи за
наша
исконска
земја
исполнета
со
гробовите
на нашите
предци на
браникот на
слободата и
на нашата
Македонија. Прдолжува
ли во
Македонија
историјата
на концесии:
прво под (по
дефиниција
терористички
) закани кон
владата од
амнестираните
терористи
истата
направи
притисок
врз МАНУ
да се откаже
од науката, да
издава
енциклопедија
во која се
крие дека во
Македонија
албанските
доселеници
правеле
етничко
чистење и
геноцид
а воедно
да ги
прикаже
исчистените
територии
и села како
„албански“.
Сега таа
влада прави
концесии
кон тие исти
„албански
фактори“
соочена со
исти закани
од истите
центри од
надвор (и од
нивни слуги
одвнатре) кои
што ги
лансираа истите
терористи
во инвазија
на нејзина
територија. Дали
и колку е
Албанија ( и
нејзини
содружници) зад
сето ова за
многумина и
воопшто не
претставува
никаква
загатка или
тајна? За тоа
има доволно
докази... цели
архиви! Се
чини дека
злосторникот
еве
повторно се
враќа на
местото на
злосторот,
со
експресни
полноќни
изјави и
славопојки
за оние кои
прифатиле
да сторат
предавнички
чин против
својата
татковина
во чија
одбрана
свечено се
заколнати. После
се, вторите
се чини
заборавиле (или
воопшто не
веруваат)
дека постои
и казна за
оние кои ја
прекршуваат
таа света
заклетва
пред
народот, кој
порано или
подоцна
редовно
излегувал со
својата
пресуда: „...Во
име на
народот...“, но
повеќе не со
амнестии и
филмски
сценарија. Ги
осудуваме
некохерентните
реакции на
партиите од
власта и од
опозицијата
како и на
албанските
партии (
Ахмети и
другите). Го
осудуваме
експресното
реагирање
на
Амбасадорот
на САД (Филип
Рикер) и
компанијата
од ЕУ ( Ерван
Фуере и
другите)
како мешање
во
внатрешните
работи на
Македонија.
Прашуваме
дали така
експресно
би
реагирале
ако
Конгресот
на САД
одстапеше
територија
од САД на
Мексико? Го
осудуваме и брзото
и недолично
реагирање
на Тирана, од
каде што
неодамна се
повикуваше
на палење на
знамето на
Република
Македонија,
а истото
беше и
запалено во
Приштина!
Нелогично е
да се
случува се
што се
случува
после
таквите
претходни
настани.
Дали САД ќе
го стореше
истото
откако ќе и
беше
запаено
нејзното
знаме, или
пак се ќе
имаше друг
тек на
настаните?
Да,
Македонија
не е САД, но
тука се
работи за
сувереност
на една
држава
според сите
нишани и
според сите
права што и
припаѓаат
по
меѓународното
право и
закони за
спроведување
на кои токму
САД толку
активно се
залага. Прашуваме
што се
случува со
договорот
за
демаркација
на
границата
кон Косово
што е
депониран
во ООН и на
кој што
Советот за
Безбедност
не дозволи
измени и
дополнувања,
кажувајќи
јасно дека е
неменлив? Бараме
од сите
политички
партии во
Македонија
во власта и
опозицијата,
како и од
сите помали
партии да се
обединат со
барање пред
Уставниот
Суд да
се поништи
оваа одлука
на
Собранието. Бараме
од сите
напредни
сили во
Македонија
и низ
Дијаспората
да се
обединат,
да ги
здружат
своите
напори и
енергија за
посветла
иднина на
Македонија,
за земја во
која што
повеќе нема
да има место
за
тероризам и
уцени, замја
во која што
ќе владее
правото,
мирот,
демократијата,
слободната
воља на
граѓаните, а
на
слободата
ќе и се
радуваат
подеднакво
сите
Македонци и
ќе ја бараат
личната
среќа под
македонското
сонце, а не да
талкаат
распрскани
по
светските
меридијани. На
крајот на
ова наше
обраќање
еве ја и
нашата
вечна
порака
искажана
преку
химната на
ПОМНИ: ПОМНИ И НЕ
ЗАБОРАВАЈ И
вогин да
горам, пак
среќен ќе
бидам, Пепел
да се сторам
пак за тебе
ќе се борам, И
век цел
да живеам
јас ќе те
помнам, Каде
и да одам, не
те
заборавам...(Македонијо!) Помни
и не
Заборавај ! (Македонијо!) Од
пепелта
надеж
повторно се
раѓа, Ко
Феникс
безсмртна
таа сведок
стои, И
ништо на
светот под
сонцето
наше Легендата
стара нема
да ја срие. (Македонијо!) Помни
и не
Заборавај! (Македонијо!) Само
ти знаеш
земјо, мајко,
судбино
моја, Дека
те љубам
со љубов
бескрајна Со
љубов
постара од
збор и од
мисла, Кои
не учат да не
забораваме. (Македонијо!) Помни
и не
Заборавај! (Македонијо!) Македонија
е таа живот
пак што дава И
верата наша
пламена ја
буди Живееме
ние љубејќи
ја неа Со
огинот во
нас што
вечно ќе
гори Ко
пламено
сонце што на
небо блеска.
Помни и не
Заборавај! (Македонијо!) Преродба
и
Обединување
на
Македонските
Национални
Идеали- ПОМНИ Проф.
Нестор
Огинар,
Претседател Др.Стојадин
Б.Наумовски,
Потпретседател
|