|
Македонски Американски Совет–Национален Центар-Детроит
Почитуван_______________ Во име на Македонскиот народ, сите граѓанин на Република Македонија и широката и разнолика Македонска Дијаспора, ние ве повикуваме да го слушнете нашиот глас, да го препознаете нашата невоља и да превземете соодветни и итни мерки за да ни помогнете во борбата за нашата кауза! Во име на демократијата, најосновните човечки права и вредности што не можат да им се оспорат на сите слободни луѓе на нашиот заеднички свет, ние бараме од вас да не не игнорирате и да сослушате многу внимателно што имаме да кажаме: Низ текот на безбројни генерации до сега, ние Македонците, автохтониот народ во нашата татковина Македонија сме биле освојувани, колонизирани, распределувани,делени, етнички чистени, исселувани, прогонувани, убивани, потлачувани, експлоатирани, уценувани и блокирани од сите наши соседи и нивните послушници и интересите на големите сили на Европа. Тој непрекинат поток од агонија, и страдање сега ја стигна точката на кулминација од фашистичкото и неприфатливо поведение на Грција и од нејзиниот ултиматум без преседан (поддржан и потпомогнат од Европската Унија) барајќи од нас да направиме колективно самоубиство преку менувањето на нашето милениумско, историско, национално и уставно име –Македонија- и со тоа да се трансформираме себеси во во некоја непозната, неидентификувана, аморфна маса осудена да живее обесчестена и во срам за навек. Прашајте се себеси, дали имало таков случај во историјата на човештвото? Дали сте свесни за дострелите на овој монструозен чин? Можете ли да останете индиферентни соочени со такво злосторсво протв човештвото, таков геноцид против нашиот народ? Можете ли да живеете ден за ден поддржувајќи ги сите вредности на демократијата, слободата, човековите права, притоа бесрамно одобрувајќи ги барањата на Грција врз нас? Можете ли да стоите мирно, бсчувствително во салите и ходниците на вашите парламенти и демократски институции и да и дозволите на Грција да го саботира, да го силува и да го гази најсветото од сите права на цивилизираната култура: Правото на држава, нација, и правото на нејзиниот народ на самоопределување, слобода, гордост и интегритет?! Н, не можете! Не, вие не можете да битете заслепени, глуви и незаинтересирани, да дозволите да ги саботирате темелите врз кои се изградени и вашите општества! Во име на основните принципи на демократијата и човековите права, кои што се вградени во темелите на вашите држави, вашите општества, вие мората да дејствувате сега и да ги допрете геноцидните акти од страна на Грција против Македонија и нашиот Македонскиот народ. Вие имате морална одговорност да ни помогнете да ја спасиме Македонија, затоа што ако ние ја спасиме Македонија ние ќе ги спасиме вредностите врз кои лежи целиот цивилизиран и демократски свет! Но ако вие тоа не го строите, вие ќе станете соучесници во овој страшен геноциден криминал, кој што вие би го забрзале и олесниле. Ние Македонскиот народ јавно и гласно изјавуваме дека е чест и благослов да се биде Македонецч дека ние ќе го браниме и заштитиме нашето свето, древно и наследно име- Македонија; дека ние ќе ја чуваме и ќе го браниме нашето Македонско наследство, нашиот Македонски јазик, култура, фолклор, традиции и вера со сите неопходни средства! Се додека течат реките во Македонија, се додека сонцето сјае над нашето небо и хоризонт, се додека гори огнот во нашите древни огништа, се додека вредните раце на нашите Македонски мажи и жени можат да вадат живот и леб од Македонската почва, се додека нашите генерации ќе живеат во Македонија, ќе го зборуваат нашиот Македонски јазик, и ќе се молат во нашите цркви за мир, љубов и разбирање на сите луѓе на светот! Затоа што ние, Македонците имаме света обврска кон нашите предци и потомство да ја спасиме Македонија за сите идни генерации да живеат со чест и гордост покрај сит други народи на слободниот свет. Македонија е нашето име, идентитет, гордост и никој нема право да ни го оспорува тоа право! На сите оние кои ќе се осмелат да го сторат тоа ние им велиме: Кои сте вие да ни кажувате кои сме ние и што сме ние? Ние сме Македонци! Никогаш немало време кога не сме биле, ниту ќе има време кога нема да бидеме! Ние одбиваме да живееме во свет во кој што нема Македонија и Македонски народ, и оние кои ќе учествуваат во морбидниот обид да не избришат од лицето на земјата, ние ќе ги сметаме за одговорни за сите последици на нивното срамно дело. Да живее Македонија! Да живее Македонскоит Народ! Ние помниме и никогаш не забораваме кои сме и што сме!
ПОМНИ Проф. Нестор Огинар, Претседател Др.Мед.Стојадин Наумовски, Потпретседател СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Тодор Петров, Претседател Македонско Американска Асоцијација Мишко Васовски, Претседател Македонски Американски Совет/Детроит Светозар Стамевски, Член на Советот Обединети Македонци Детроит Слободан Гавриловски, Претседател Американско Македонска Бизнис Асоцијација Др.Мирослав Столевски, Претседател Македонски Глас/Радио Програма Косто Тасевски, Директор Македонија.ТВ ПоповаШапка.ком
|